Македонија
22. January 2021 - 12:22

Приведен крадец од штипско, расчистени 22 тешки кражби

По преземени мерки и дејствија и претходно добиени оператвни сознанија, од страна на полициски службеници  од СВР Штип на 18.01.2021 e лишен од слобода П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на 22 кривични дела „тешка кражба“ од куќи и работни машини во с.Црвулево, општина Карбинци.

Осомничениот П.И. во периодот од месец октомври 2020 до јануари 2021 на подрачјето на с.Црвулево, сам извршил 11 кривични дела „тешка кражба“, додека останатите 11 кривични дела ги изршил заедно со О.А.(27) од с.Аргулица, насилно влегувајќи во куќи од каде одземале најразлични предмети, работни машини и алати.

Дел од предметите се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. Се работи на целосно комплетирање на кривично правните настани, по што против П.И. и О.А. до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.