Приведен дилер од Албанија, запленети над 15 килограми марихуана
На 30.10.2020 околу 20.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност - Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во соработка со Оддел за специјални полициски операции и СВР Охрид, на подрачје на Струга, во непосредна близина на магистралниот пат А2 – Е852 (на околу два километри од ГП Ќафасан) пресекоа канал за недозволена трговија со марихуана од Р.Албанија во Република Македонија и запленија 16 пакувања со вкупна нето тежина од повеќе од 15 килограми, а го приведоа Е.Х. (20) од Република Албанија.
Против Е.Х. до ОЈО за ГОКК ќе биде поденесна кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик и во текот на денешниот ден ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка.
Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со наркотични дроги.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право