Македонија
10. August 2022 - 18:14

Приведен бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години

Приведен бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години     

Денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од  Оперативен тим - потраги  при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово-Скопје, за доиздржување на затворска казна.

Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Сектор за односи со јавност и протокол

Министерство за внатрешни работи