-->
-->
Приведен бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години
-->
Приведен бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години
Денеска (10.08.2022) во 16:45 часот полициски службеници од Оперативен тим - потраги при СВР Скопје во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово-Скопје, за доиздржување на затворска казна.
Тој бил осуден по чл.236 од КЗ на РСМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии