-->
-->
Притвор за татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола
-->
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“ од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Осомничениот, как што соопшти денеска од ЈО, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, осум и шест години.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот.
Судот го прифати предлогот и на лицето му определил притвор во траење до 30 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација