Џет-Сет
23. September 2017 - 14:48

Принова во семејството на Кардашијан

Бремената е Кајли Џенер, најмладата ќерка од кланот Кардашијан - Џенер.

Имено како што откри добро информиран извор, Кајли која во август наполни 20 години, е во блажена состојба.

Младата старлета е во врска со Тревис Скот од април годинава, а извор откри дека е бремена околу 4 месеци. Како што наведуваат во таблоидот, не добиле потврда но наскоро семејството ќе ги објави среќните вести.