-->
-->
Принцот Чарлс е тешко болен?
-->
Британскиот принц Чарлс е тешко болен, пишуваат британските медиуми.
Папараците за време на неговата посета во Индија забележале дека неговите нозе и раце се потечени.
Засега не е позната здравствената состојба на синот на кралицата, но медиумите пишуваат дека отечените стапала можат да бидат последица на бројни заболувања меѓу која е и болеста гихт, позната како кралска болест.
„Дејли мејл“ пренесува дека принцот може да е заболен од дијабетис или да има проблеми со срцето. Таквите нарушувања обично се јавуваат кај пациенти кои имаат проблеми со исфрлањето течности од организмот.
Британските таблоиди исто така пишуваат дека отечените нозе на принцот може да се резултат на долго седење или стоење во иста позиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица