Македонија
8. December 2022 - 11:25

Прилепчанец со возило удрил малолетничка

Прилепчанец со возило удрил малолетничка.

- На 07.12.2022 во 12.27 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата на ул.„Кузман Јосифоски“ со бул.„Гоце Делчев“, патничко возило „цитроен берлинго“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(54) од Прилеп, удрило во малолетен пешак од с.Мало Коњаре. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.