Живот
19. July 2019 - 15:38

Приказна која ќе ве воодушеви: Никој не може да верува што прави овој татко за синот да може безбедно да оди на училиште

Ако некогаш сте се пожалиле за гужвата во сообраќајот или на патот до училиште, сетете се на овие деца од Виетнам.

За да дојдат до училиште, мора да поминат река која воопшто нема мост. Во нормални околности тука се наоѓа импровизиран мост од бамбус, но кога има дождови, се појавуваат големи проблеми.

Родителите пристапија кон очајни мерки, па децата мора да ги напикаат во пластична вреќа и така да ги пренесат до брегот.

 
Иако тоа е многу опасно, децата реката ја поминуваат суви и чисти. Истото се случува и на враќање.
 

Снимките од еден пожртвуван татко често се појавуваат на социјалните мрежи. Многумина истакнаа дека детето ќе знае да го почитува трудот кој неговиот татко секое утро го вложува за тој да има можност да се образува.

Зажал, случајот со ова дете не е осамен, бидејќи на сличен начин до училиште „се транспортираат“ многу деца во чии села нема мостови на реките.