Македонија
7. May 2021 - 10:04

При претрес кај 26-годишна кичевчанка пронајдена дрога

На 06.05.2021 околу 20.10 часот, полициски службеници од Пполициската станица Кичево ја лишиле од слобода Љ.М.(26) од Кичево. При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. При вршење на претресот, Љ.М. физички нападнала полициски службеник. 

Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.