Живот
8. July 2019 - 15:35

Преживеа напад на ајкула, се личеше како во хорор филм: Пејџ (17) и покрај тоа што остана без нога, со насмевка излезе од болница

Тинејџерката Пејџ Винтер од Северна Каролина која минатиот месец остана без нога и неколку прсти кога ја нападна ајкула, со насмевка ја напушти болницата.

Хирурзите мораа да ја ампутираат нејзината лева нога и на направат бројни операции за да ги зачуваат нејзините раце.

Пејџ животот му го должи на својот татко кој ајкулата „ја удирал со тупаници по нос“ за да го спаси животот на својата ќерка, пишува Сан. 

Пејџ која за малку ќе умреше од здобиените повреди, снимена е по напуштањето од болницата во ресторанот во кој работеше пред несреќата. Неа ја дочекаа бројни пријатели и семејствата. Имаше протетичка нога и завои на двете раце.

Храбрата тинејџерка рече дека успеала да остане позитивна и покрај траумата, благодарение на поддршката која ја доби од саканите.

Пејџ откри дека во моментот на несреќата, мислела дека нејзиниот брат се шегува со неа кога почувствувал дека нешто ја повлекува.

„Бев збунета. Помислив дека е во прашање желка. А потоа почна. Како кога куче ве влече со сета сила. Моето тело беш во шок, тогаш ништо не можев да почувстувам, само знаев дека е лошо. Мојот тако се фрли во вода и ја следеше крвавта трага. Кога стигна до нас, почна да ја удира ајкулата со сета сила и таа попушти“, рече Пејџ.

И покрај несреќата Пејџ е посветена на заштитата на ајкулите и морските животни.