Македонија
12. November 2019 - 19:33

Презентиран планот за управување со природно и културно наследство во Охрид

Многу споро се реализираат дадените препораки на  Унеско како и проблемот со дивоградбите во охридскиот регион за градот да не се најде на листата на загрозено подрачје велат од граѓанската иницијатива Охрид СОС. Тие реагираат дека се носи План за управување со природното и културното наследство без притоа да се донесат соодветни законски решенија.

Oд министерството за животна средина пак на став дек планот, ќе овозможи„менаџирање“ на Охрид како целина и креирање на зони во кои ќе биде точно дефинирано што е дозволено, а што не да се гради. Во А зона не се дозволува градење со цел задржување на крајбрежната функционалност на езерото, додека во Б зоната се задржуваат изградените објекти.

Нацрт-планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион денеска беше презентиран пред охриѓани а на 20 октомври е испратен до УНЕСКО од каде се очекува нивното мислење .