Македонија
29. November 2016 - 8:25

Презентација на регистар на потенцијали за рурален туризам

Регистарот на потенцијали за рурален туризам во Југозападниот плански регион денеска ќе биде промовиран во Струга, а ќе биде воспоставена и Мрежата за инклузивен развој на регионот.

Регистрите на потенцијали за рурален туризам во Југозападниот, Вардарскиот, Североисточниот и во Полошкиот плански регион, Министерството за локална самоуправа ги подготви во соработка со УНДП. 

Во рамки на овој проект е подготвена и техничка документација за изградба на четири инфраструктурни проекти за поттикнување на туризмот во општините Дебрца, Чашка, Липково и Боговиње.

Регистарот ќе го промовира државниот секретар во Министерството за локална самоуправа Билјана Цветановска – Гугоска. Државниот секретар во Министерството за економија Анета Димовска ќе зборува за мерките на надлежното Министерство за развој на руралниот туризам.