Македонија
28. January 2017 - 9:13

Презентација на обуките за пилоти во АРМ

Центарот за обуки на пилоти денеска во Домот на Армијата во Скопје организира презентација на обуките за пилоти.

На презентацијата ќе присуствуваат директорот на Центарот за обука на пилоти, Јаари Шрага, инструктори, завршени кадети и кандидати кои во моментов се обучуваат во Центарот.

Сите оние кои се заинтересирани, потенцијални кандидати и кои ги исполнуваат условите согласно Конкурсот ќе имаат можност да  да се информираат за процесот на обука и се она што ги интересира во однос на професијата пилот и идниот ангажман како пилоти во Армијата на Република Македонија.