Македонија
6. February 2023 - 16:31

Превозниците нема да блокираат улици, задоволни од разговорите со Арсовска

Договор нема но приватниците се откажаа од блокади во главниот град. По 4 часа разговори со градоначалничката Арсовска, претставниците на приватните здруженија излегоа задоволни. Очекуваат набрзо да се вратат на работа но добиле неколку услови кои ќе треба да ги исполнат. Еден од нив е да ги сменат директорите на здруженијата. 

Возачите  не разговарале со Арсовска за долгот, велат парите не ги должи Град Скопје туку ЈСП. 

Ова е прва средба на приватните превозници со градоначалничката Арсовска откако таа го раскина договорот со нив. Три месеци приватните превозници не сообраќаат во главниот град бидејќи не им се исплатени пари за 6 месеци што сообраќале со нивните автобуси. 

Инаку Арсовска преку јавен повик сакаше да обезбеди 100-тина возачи и 50 приватни автобуси, но и двата обиди пропаднаа бидејќи никој не се јави на огласот.