Македонија
30. January 2019 - 16:15

Преведувач на албански побара член на судскиот совет, законот за јазици мора да се почитува

На седниците на судскиот совет да може да се говори на албански јазик, побара членот на советот Селим Адеми. Потсети дека тоа го дозволува неодамна донесениот закон за двојазичност. На денешната седница, Адеми посочи дека со вработувањата предвидени за годинава, судскиот совет треба да вработи и преведувачи.

Претседателот на Судскиот совет вели дека двојазичноста ќе се применува согласно роковите предвидени со законот.

Според Караџовски, примената на двојазичноста при водењето на судските постапки може да предизвика хаос. Смета дека правата од правораздавањето се поважни отколку јазикот на кој се води судскиот предмет.

Инаку Судскиот совет ги прифати правилниците за додатоци на плата за сите вработени во судскиот систем ама е неизвесна нивната исплата, потенцира Караџовски. Вели дека за тоа одлучува министерството за финансии.