-->
-->
Претстојните избори дел од темите на средбата на Ахмети со Фленкеншатјн
-->
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во седиштето на Делегацијата на ЕУ во Скопје се сретна со европратеникот Кнут Фленкенштајн во новата улога на преговарач, дел од парламентарната тројка, заменик на Ричард Ховит.
Како што соопштија од партијата, Ахмети и европратеникот Фленкенштајн разговарале околу политичката ситуација и одржувањето на изборите на 11 декември заедно со важни реформски задачи по изборите, за интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ како и за завршување на постапките кои произлегуваат од Охридскиот Договор. Ахмети, се наведува, истакна дека ДУИ се ангажира за спроведување на изборите на 11 декември и спроведување на кредибилен, демократски процес без заплашувањa и услови.
- Лидерот на ДУИ Ахмети истакна дека приоритет на партијата останува благосостојбата на граѓаните која се постигнува во партнерство со меѓународните пријатели, преку решавање на отворените прашања со соседите, членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ, одржливо владеење на правото, системските реформи, како и целосно затворање на граѓанска рамноправност на граѓаните во согласност со Охридскиот Договор, се наведува во соопштението.
Воедно, Ахмети побарал помош од ЕУ за да ги заклучи овие процеси, додека ДУИ, посоил тој, останува партнер на евроатлантската заедница во остварувањето на нашите заеднички цели, се посочува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти