Претседателски избори во Белорусија
На повеќе д 6.000 избирачки места, што утрово се отворени во Белорусија, речиси седум милиони избирачи ќе гласаат за идниот шеф на државата.
Гласачите ќе избираат меѓу четворица кандидати, а актуелниот претседател Александар Лукашенко се бори за петтиот мандат.
Покрај Лукашенко, кој 21 година е на власт, кандидати се и лидерот на Либерално-демократската партија Сергеј Гајдукевич, лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Уланович и активистката на кампањата „Зборувај ја вистината“ Татјана Короткевич.
Лукашенко, кој е фаворит според анкетите, за претседател на Белорусија беше избран во 1994, во 2001 во 2006 и во 2010 година.
Граѓаните имаат можност да гласаат и против сите кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време, а прелиминарните резултати можат да бидат познати во текот на ноќта меѓу недела и понеделник. Изборите ги следат 928 странски набљудувачи од кои 344 од Бирото на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР), 387 од Заедницата на независни држави, 68 од Парламентарното собрание на ОБСЕ и седум од Шангајската организација за соработка. Изборите ги следат и 940 локални и странски новинари.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ги откажуваме најавените протести за да се фокусираме на францускиот предлог
-
Мицкоски: Ако е толку добар предлогот барам веднаш да се објави на владината веб-страница
-
Мицкоски: Францускиот предлог е нокаут со продолжено дејство
-
Ковачевски: Историските прашања не се дел од преговарачката рамка во новиот предлог
-
Ковачевски: Официјалните ставови за францускиот предлог ќе бидат соопштени откако ќе ги помине сите филтри
-
Намалена затворската казна на Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пино
-
Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ - Албанија ќе се одржи следната недела
-
Вечерва седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ