Претседателски избори во Белорусија
На повеќе д 6.000 избирачки места, што утрово се отворени во Белорусија, речиси седум милиони избирачи ќе гласаат за идниот шеф на државата.
Гласачите ќе избираат меѓу четворица кандидати, а актуелниот претседател Александар Лукашенко се бори за петтиот мандат.
Покрај Лукашенко, кој 21 година е на власт, кандидати се и лидерот на Либерално-демократската партија Сергеј Гајдукевич, лидерот на Белоруската патриотска партија и врховен атаман на белоруските козаци Николај Уланович и активистката на кампањата „Зборувај ја вистината“ Татјана Короткевич.
Лукашенко, кој е фаворит според анкетите, за претседател на Белорусија беше избран во 1994, во 2001 во 2006 и во 2010 година.
Граѓаните имаат можност да гласаат и против сите кандидати. Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот по локално време, а прелиминарните резултати можат да бидат познати во текот на ноќта меѓу недела и понеделник. Изборите ги следат 928 странски набљудувачи од кои 344 од Бирото на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР), 387 од Заедницата на независни држави, 68 од Парламентарното собрание на ОБСЕ и седум од Шангајската организација за соработка. Изборите ги следат и 940 локални и странски новинари.
Ново на Сител
-
Украинските сили на нови позиции во Доњецк, се чека помош во оружје за контраофанзива на југот од земјата
-
Во вооружениот инцидент во Чикаго загинаа шест, а повредени се 36 луѓе
-
91 санкционирани возачи во Скопје
-
Прогласена вонредна ситуација во Австралија, наредена евакуација на 50 илјади жители од поплавните подрачја
-
Захарова: Москва би можела да и врати на цела ЕУ поради протерувањето на дипломатите од Бугарија
-
Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска
-
Приведен осомничениот за вчерашниот вооружен напад во Чикаго
-
За францускиот предлог дебата и во Собранието, продолжуваат реакциите за и против