Претседателот на Здружението на судии на средба со штипските судии

Претседателот на Здружението на судии, Џемаил Саити денеска во штипскиот Основен суд –Штип имаше прва директна средба со судиите кои се членови на здружението. Саити вели дека разговарале пред се за статусни прашања.
- Евалуацијата на работата на судите, нормата, прашањата околу изборот, разрешувањата на судиите, нели свесните сте дека сте сведоци на некои разбранувања во последниот период кои се случија. Здружението имаше соодветни реакции на тие настани, но сепак тие реакции треба да се континуирани и треба да бидат во насока да се изнајадат решенија, вели Саити.
Смета дека Владата дала јасна визија во однос на Стратегијата за идните приоритети во судството, а во која учествувале и судии кои се членови на Здружението.
-Но, процесот на имплементација на тие решенија, подзаконските проекции, малку е застанат, по наше видување. Имаме активности во Владина процедура и во Собраниска некои, но лична проценка е дека некои активности треба да се подинамични и да имаат поширок опфат, вели Саити.
Тој најави дека веќе на 6 и 7 март во Скопје ќе имаат и Изолациска сесија, на која што се повикани околу 40 судии, кои ќе направат пресек, кои биле нивните очекувања од реформите, што е имплементирано и кои се нивните идни чекори.
Ново на Сител
-

Од почетокот на годината во Србија се регистрирани нови 52 медиума
-

Од утре дожд и пониски температури
-

Ѓорѓиевски: Една година без нашите ангели, сè уште е тешко да се поверува дека ни се случи ваква трагедија
-

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“
-

Објавени списоците за ваучери за инвертер-клими, рокот за подигнување 30 дена
-

Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче
-

Србинка која изнајмувала стан во Центар физички и полово нападната од сопственикот на станот
-

Во Струмица, при сообраќајна несреќа тешко повреден 16-годишен мотоциклист
