Македонија
10. February 2020 - 8:50

Претседателот на словенечкиот Државен збор во посета на Северна Македонија

Претседателот на Државниот збор на Република Словенија Дејан Жидан денеска и утре ќе биде во посета на Република Северна Македонија.

Жидан денеска ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а утре ќе се обрати пред пратениците и ќе присуствува на свечената седница на која треба да биде усвоен предлог Законот за Ратификацијата на Северноатланскиот договор.