Македонија
21. јуни 2018 - 16:23

Претседателот Иванов подготвува темелно образложение пред да го врати договорот во парламентот

Договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името, со кој државата се преименува во Република Северна Македонија, веќе е пред Иванов. Според уставните рокови, претседателот има седум дена на Договорот да го стави својот потпис.

Но, тоа нема да оди така лесно имајќи пред вид дека Иванов веќе најави ќе го искористи своето право на суспензивно вето. Неофицијалните информации од кабиентот на претседателот се дека тој ќе го врати Договорот со образложение во кое ќе наведува каде се’ Договорот е спротивен на уставот и спротивен на националните интереси.

По ова ратификацијата ќе треба да се врати во парламентот на прегласување, каде ќе бидат потребни најмалку 61 глас „за“. Ова е шанса за ново т.н. џебно вето на Иванов по она на законот за употреба на јазиците, по што станува неизвесно како ратификацијата ќе биде објавена во Службен весник.

На 29ти јуни  пак,партиите договориле да почне со работи и Комисијата за избор и именувања за нов состав на Државната изборна комисија, кој пак, ќе биде задолжен да го организира референдумот за името кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Од ВМРО-ДПМНЕ веќе објавија дека најсериозни кандидати им се пратеничката Светлана Карапетрова и експратнеикот Оливер Дерковски. Сепак од опозициската партија не откриваат како ќе постапат во однос на ДИК, особено затоа што тие ќе го имаат и претседателот на ова тело.

Од власта пак, се уште молчат кои кандидати ќе бидат нивниот избор за членови на ДИК. 

Во новиот состав на ДИК, опозицијата ќе има три члена од кои еден е претседател. Власта пак, ќе го има мнозинството со четири члена. Вкавиот состав ќе има само привремен мандат од шест месеци.