Претседателот Иванов им врачи „Медал за храброст“ на четворица припадници на АРМ за несреќата кај Ласкарци
Претседателот Ѓорге Иванов им врачи медали за храброст на четворица припадници на Армијата на Република Македонија кои придонесоа за навременото укажување помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа што се случи кај селото Ласкарци на 13 февруари.
Како што соопшти Кабинетот на Иванов, одликувани се Семир Фета, Омер Емини, Бујамин Реџепи и Сељадин Саљихи со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност, кои со лично залагање како професионални војници и припадници на АРМ придонеле за навремено укажување помош и извлекување на настраданите во сообраќајната несреќа.
-Ја потврдивте верноста на Армијата кон македонските граѓани, спасивте човечки животи, и ја вративте надежта и вербата во добрината. Ја вративте вербата дека постои добрина во овој свет и дека за таа добрина вреди да се бориме, секој ден и постојано. Со вашата храброст, вие сте пример не само за другите припадници на македонската армија, туку и за целото македонско општество. На дело покажавте дека соживотот е всушност грижа за животот на другиот човек, независно од етничката, јазичната или верската припадност, порача претседателот во оваа прилика.
Професионалниот војник Семир Фета, кој живее во селото Ласкарци, изрази голема благодарност до претседателот на државата за доделените медали.
-Изразувам сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посакувам побрзо заздравување. Секој што би се нашол на местото би помогнал во овој случај, рече Фета по доделувањето на медалот.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар