Балкан
4. October 2022 - 11:43

Претседател на избирачки одбор призна дека се украдени гласовите на Тривиќ во Крајишник: Заморот го направи своето

Екипата на телевизијата БН го посетила селото Крајишник кај Градишка, каде според податоците доставени до Централната изборна комисија, кандидатката на ПДП за претседател на Република Српска, Јелена Тривиќ, не освоила ниту еден глас.

Село Крајишник, се наоѓа на десетина километри од Градишка, а претставува и родното место на мајката на Јелена Тривиќ. Од ова избирачко место број 10 до Централната изборна комисија доставени се податоци според кои Милорад Додик, кандидат на СНСД, освоил 141 глас, Зоран Калиниќ, кандидатот на партијата Наша прича РС - 137, а Јелена Тривиќ ниту еден глас. 

Како што се наведува во прилогот на ТВ БН, локалните жители биле шокирани од оваа информација. Пензионерката Стана Санчанин изјавила дека тоа е невозможно.

„Јелена е родена овде. Мајка и е родена и израсната овде и не е можно да нема гласачи. Многу луѓе ме контактираа. Гласав, маж ми, брат ми, снаа ми, снаата на брат ми, син ми, многу луѓе гласаа. Како, грешка, извесен Зоран Калиниќ, по грешка му отиде.Тоа е невозможно“, смета Стана.

Претседателот на избирачкиот одбор, Стеван Гутиќ, признава дека резултатите од гласањето доставени до ЦИК не одговараат на вистината. Само поради доцните вечерни часови и замор.

„Внесoв податоци за Зоран Калиниќ, кој беше над Јелена на списокот, наместо неа“, објаснува Стеван.

На прашањето дали знае дека се работи за кривично дело, Стеван признава дека е запознаен, но дека не ги променил податоците во договор со Изборната комисија, бидејќи му било кажано дека пребројувањето ќе се повтори.

Судејќи според тврдењата на мештаните, ова не е прв изборен фалсификат што се случува на ова место. Тие биле навикнати нивната изборна волја да се менува по волја на моќниците.

„Тие ги повикаа набљудувачите надвор од последното гласање и им рекоа дека Додик мора да помине по секоја цена. Го уценувале човекот. Мојот сосед денеска ми кажа дека се допишувале и во блиското село. Крадат, крадат брат“, се жали Стана.

По таквото сознание, не е чудно што на сличен начин во Челинац е украден претседателскиот кандидат на ПДП.

Од избирачкото место број 35 до ЦИК се испратени резултатите, според кои Милорад Додик освоил 235 гласа, Зоран Калиниќ 204, а Јелена Тривиќ за чудо повторно нула гласови.