Претседател на Европскиот комитет на регионите во посета на земјава
Претседателот на Европскиот комитет на регионите, Карл-Хајнц Ламберц денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Во рамки на посетата Ламберц ќе има средби со неговиот домаќин, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски и претседателот на Парламентот, Талат Џафери.
Ламберц ќе оствари средби и со министрите за надворешни работи и за локална самоуправа, Никола Димитров и Горан Милевски, како и со претседателот на Заедницата на единиците на локални самоуправи (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и со копретседавачот на Делегацијата на Република Северна Македонија во работата на Заедничкиот консултативен комитет и градоначалник на Штип, Благој Бочварски.
Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, предвидено е Османи и Ламберц да разговараат за можностите за унапредување на соработката која се одвива преку Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европската унија, како дел од напорите на земјата за усогласување со европските правила, стандарди и вредности на сите нивоа.
Покрај актуелностите поврзани со европските интеграции, ќе бидат отворени и темите за развојот на локаните власти, децентрализацијата, соработка помеѓу централната власт и локалната самоуправа, како и размена на добри практики меѓу европските региони и градовите, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата