Македонија
21. July 2022 - 11:48

Претрес во Кавадарци, расчистени повеќе кражби

Полициски службеници вчера го привеле кавадарчанецот Р.Р. (32), откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривични дела кражби и тешки кражби извршени на подрачјето на ОВР Кавадарци и ОВР Неготино.

Тој бил приведeн во Полицискaта станица во Кавадарци и по целосно документирање на случјаот, информираа денеска од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.