Македонија
11. August 2022 - 14:11

Претрес во Битола, приведен дилер на хероин

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола денеска извршиле претрес во домот на битолчанецот Л.С. (37), при што се пронајдени хероин и марихуана.

МВР информира дека лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.