Претпладне сончево, попладне невреме
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индекстот ќе има вредност 8.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.
УХМР соопшти дека на повеќе места денеска ќе има нестабилно време, локално во форма на невреме, а во северните делови ќе има пад на температурата за околу три степени.
Во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето. Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти