Претежно сончево денеска, попладне ветровито
Времето во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево. Во западните делови ќе има мала до умерена облачност, но претежно висока. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец, кој попладне ќе го промени правецот во југоисточен.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 16 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец, но кон крајот на денот ќе го промени правецот во југоисточен. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе достигне до 23 степени.
Следува период на стабилно, суво и доста топло време за овој период од годината.
В недела и во првите два дена од наредната седмица ќе преовладува доста топло време, на повеќе места температурата ќе се искачи и над 30 степени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна