Македонија
8. November 2019 - 16:44

Премиерот Заев во Женева - Самитот во Загреб нова шанса за Македонија

Премиерот изрази надеж дека следната година на самитот во Загреб, земјава ќе добие позитивна одлука за старт на преговорите. На светскиот економски форум во Женева, пред лидерите на земјите од Западен Балкан истакна дека единствената алтернатива е интеграција во ЕУ.   Доколку не продолжат процесите, се заканува можноста да се развие национализам, популизам и радикализам во регионот.

Политичката соработка со социјалната и економската е важна посочија претставниците на форумот во Женева. Тие истакнаа дека земјите од Западен Балкан  презеле крупни чекори за поголем раст и регионална интеграција.