Македонија
26. October 2019 - 9:14

Премиерот Заев на меѓународна конференција „Другиот во балканската култура“

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со министерите за култура Хисни Исмаили и за образование Арбер Адеми ќе се обратат на отворањето на меѓународната конференција „Другиот во балканската култура“ во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

Целта на настанот е да се промовира научниот зборник „Балканологија I“ и ќе се одржи во просториите на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.