Македонија
25. May 2018 - 16:19

Премиерот Заев на аудиенција кај папата Фрањо

По повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, Премиерот Зоран Заев денеска во рамки на посетата на Република Италија и на Светата Столица присуствуваше на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск. Ваквата посета беше убава можност да го изразиме нашето високо задоволство од зголемената динамика и одличните односи со Светата столица, истакна премиерот Заев.

Тој посочи дека во разговорт со папата Франциск, имале заеднички афирмативни ставови за ликовите кои се дел од нашето заедничко наследство, нашата Света Мајка Тереза и Бветите браќа Кирил и Методиј.

На средбата било разговарано и за длабоко вкоренетата  традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на различните верски убедувања, и негување на верските слободи во РМ.

Посебно внимание во раговорот со Папата било посветено и на тесната соработка со католичката црква во Македонија, која е еден од најважните столбови за остварување на определбата на Владата – Едно општество за сите.