Фудбал
22. January 2017 - 15:46

Премиер лига: Саутемптон го „нокаутира“ шампионот

Уште една одлична партија на Саутемптон во Премиер лигата. Овојпат хаварија доживеа актуелниот првак Лестер кој загуби со 3-0  и сè уште остануваат без гостинска победа.
 
Уште во првиот дел Вард Праус и Џеј Родригез го матираа  Шмајхел и ја најавија убедливата победа која ја потврди  Тадиќ од пенал во 85. минута.
 
Лестер со овој нов неуспех останува на 15. место со 21 поен, додека Саутемптон сега дојде до бројката од 27.
https://