Фудбал
19. December 2015 - 18:21

Премиер лига: Лидерот останува непоразен

Фудбалерите на Лестер продолжуваат со изненадувањата во Премиер лигата.  Попладнево славеа со 3-2 на тешкото гостување во Ливерпул против домашниот Евертон со што се зацврстија на врвот по 17 кола со 38 бода, 6 повеќе од Арсенал.  Ријад Марез постигна два гола од пенал за гостите а еден погодок беше дело на Оказаки. За Евертон стрелци беа Лукаку и Миралас.