Фудбал
2. April 2017 - 19:44

Премиер лига: Арсенал и Манчестер Сити одиграа без победник

Екипите на Арсенал и на Манчестер Сити попладнево одиграа нерешено 2:2 во дербито од 30.коло од Премиер лига. Гостите во два наврати имаа водство, но не успеаја да стигнат до три бодови. „Граѓаните“ поведоа преку Лирој Сане во 5.минута, а Арсенал изедначи со голот на Тео Волкот во 40.минута. Две минути подоцна Манчестер Сити повторно поведе со голот на Серхио Агуеро. Конечните 2:2 ги постави Шкодран Мустафи во 53.минута.
Резултати на натпреварите од 30.коло: Арсенал – Манчестер Сити 2:2, Свонси – Мидлсброу 0:0, Саутемптон – Бурнемут 0:0, Барнли – Тотенхем 0:2, Челзи – Кристал Палас 1:2, Хал – Вест Хем 2:1, Лестер – Стоук 2:0, Манчестер Јунајтед – ВБА 0:0, Вотфорд – Сандерленд 1:0 и Ливерпул – Евертон 3:1. 
Табела: Челзи 69 бодови, Тотенхем 62, Ливерпул 59, Манчестер Сити 58, Манчестер Јунајтед 53, Арсенал 51, Евертон 50,...