Фудбал
22. November 2019 - 14:28

Преку Косово во Скопје, а потоа во Грузија или Белорусија до историски настап на ЕУРО 2020

Во Грузија или Белорусија ќе се игра финалниот меч од плејофот, преку кој најдобрата македонска фудбалска репрезентација ќе се обиде да дојде до историски прв пласман завршницата на Европскиот шампионат
 
Ова е исходот од денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, каде беа одредени домаќините на финалните средби од плејофот во Лигата на нациите преку кои ќе бидат познати и последните четири репрезентации кои следното лето ќе играат на Европскиот шампионат. 
 
Македонската репрезентација која во квалификацискиот циклус за ЕУРО 2020 стигна до третото место, што преставува најдобар пласман во еден квалификациски циклус, шансата за прво учество на Европско првенство ќе ја брка, најнапред во Скопје каде ќе на 26 март, ќе го игра полуфиналниот меч против Косово. 
 
Доколку успеат да ја минат првата пречка, црвено-жолтите ќе го чекаат исходот од дуелот меѓу Грузија и Белорусија, па победникот од тој меч ќе биде домаќин на Македонија во финалниот дуел од „Д“ конкуренцијата во Лигата на нациите. 
 
Финалниот меч ќе се игра во една од овие две земји и тоа на 31 март.