Македонија
24. јуни 2019 - 11:40

Прекин во водоснабдувањето на бул.„Партизански Одреди“

Поради дефект на затворач Ф-80 милиметри денеска на булевар „Партизански Одреди“ бр.82 во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на бул.„Партизански Одреди“ на потег од крстосница бул.„8 Септември“ до крстосница со „Франклин Рузвелт“ (непарни броеви).

Од Информативниот центар на ЈП Водовод и канализација-Скопје соопштија дека прекинот во водоснабдувањето ќе биде од 10:00 часот до санирање на дефектот.