Loading Video...
Свет
7. October 2024 - 12:46

Преглед на вестите од светот

Израелците денеска ја одбележаа првата годишнина од нападот на Хамас што предизвика војна. Протести покрај во Израел се забележани и ширум сцетот.  Сирените симболично се огласија во 6:29 ласот по локално време за да го одбележи часот кога милитантите предводени од Хамас лансираа ракети кон Израел за почетокот на нападот на 7 октомври минатата година. Тие убија околу 1.200 луѓе и однесоа околу 250 заложници во Газа, според израелските податоци.

Израелците со знамиња и слики на заложници заробени од Хамас се собраа пред домот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим. Безбедносните сили беа во состојба на готовност низ целата земја, соопштија војската и полицијата, предвидувајќи можни палестински напади планирани за годишнината.

Војната во Газа исто така, расели речиси 2,3 милиони луѓе во енклавата, предизвика криза со глад. Бројот на Палестинци загинати во Газа од тековните израелски напади се искачи на 41.870 лица.

Израелските воздушни напади беа насочени кон јужните предградија на Бејрут, продолжија во текот на ноќата и рано изутринава. Главниот град на Либан утрово е обвиен во густа магла, а на повеќе места бил забележлив чад. Израел ја ескалира својата воена кампања во Либан, која во последните денови уби стотици, ранети илјадници и раселени над 1 милион луѓе. Израел вели дека е насочена кон либанската група Хезболах, поддржана од Иран.

Станбена зграда и патна сообраќајница беа оштетени во израелскиот град Хаифа во утрово откако неколку ракети ја преминаа границата од Либан. Забележливи се помали оштетувања на надворешноста на зградата, како и скршени стакла на автомобили паркирани. Израелските медиуми објавија дека 10 лица се повредени во нападот на третиот по големина град во Израел.

Хезболах соопшти дека целел на воена база јужно од Хаифа со лансирање ракети „Фад 1“.

189-тиот Октоберфест заврши вчера откако 6,7 милиони посетители присуствуваа на најголемиот светски фестивал на пивото, според градот Минхен.

Официјалните бројки објавени од градот Минхен покажуваат дека продажбата на пиво паднала оваа година на околу 7 милиони кригли од еден литар, од 7,2 милиони продадени минатата година.

Според градот Минхен, почетокот на Октоберфест е прместен во септември 1872 година „за да се искористи доцното летно време“. Оттогаш, Октоберфест започнува во сабота по 15 септември и завршува во првата недела во октомври.