Loading Video...
Свет
14. November 2025 - 16:29

Преглед на вестите од светот

Во текот на ноќта Киев беше цел на масовен руски воздушен напад, при кој загинаа 6 лица загинаа а 29 се повредени. Осудувајќи го нападот како подмолен и добро испланиран, Зеленски соопшти дека 11 станбени згради, болница, училиште, спортски комплекс и приватни куќи биле погодени. Штета претрпел и системот за греење. Целта беше да се нанесе максимална штета на луѓето и на цивилната инфраструкутра истакна украинскиот претседател. Киев бил нападнат со околу 430 дронови и 18 ракети, според украинските податоци.

- Мојата прва помисла беше, само да не умрел никој. Куќата може да се изгради повторно, но луѓето и животните се најважни. Олена Шкорпацка, станар на погодена зграда.

- Бев преплашена, толку преплашена што не знаев што прво да направам. Дали да се спасам себеси и моето дете? Или треба да трчам да им помогнам на другите затоа што многу луѓе врескаа и им требаше помош, изјави Анастасија, жителка на Киев.

Во меѓувреме, руското министерство за одбрана соопшти дека во текот на измината ноќ противоздушната одбрана пресретнала и уништила 216 украински беспилотни леатаа над јужниот руски регион Краснодар. 

Во изминатите 24 часа уште две лица повредени во пожарот во Домот за стари лица во Босна и Херцеговина починаа, со што бројот на жртви од трагедијата се искачи на 15 соопшти болницата каде што беа лекувани. Повеќе од 30 лица беа повредени а пет пациенти  се уште се хоспитализирани.  Во меѓувреме, обвинителството на Тузланскиот кантон го објави прелиминарниот извештај на вештакот, кој покажува дека пожарот е предизвикан од краток спој во кабелот на радио приемникот што го користел еден од штитениците. Кабелот бил механички и термички оптоварен бидејќи бил стегнат помеѓу душекот на креветот ѕидот и металниот дел од креветот соопшти обивнителството. Трагедијата се случи ноќта, на 4 ноември. 

Би-би-си му се извини на Доналд Трамп за уредувањето на неговиот говор во докуменатрната емисија Трамп, Втора Шанса, признавајки дека создале погрешен впечаток дека тој  директно повикал на насилство во Каптиол. Британската радиодифузна корпорација истакна дека нема планови да го реемитува документарецот на која било од своите платформи. Но додаде  дена  нема  да плати отштета, тврдејќи дека нема основа за тужба за клевета од страна на претседателот на САД.  Во вторникот Адвокатскиот тим на Трамп му се закани на  Би-би-си со тужба во висина  од најмалку една   милијарда долари  доколку во анредните три дена не ја повлече контроверзната документарна емисија, не објави извинување и да исплати „соодветна“ отштета.