Македонија
14. September 2019 - 18:15

Прегазено четиригодишно дете во Скопје

Вчера во 13.04 часот на ул.„Белградска“ во Скопје, Ј.И.(38) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки витара“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во четиригодишно дете пешак.
 
Детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
 
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.