Македонија
16. јуни 2019 - 12:13

Прегазена старица на „Партизанска“, мотоциклистот побегнал

Синоќа во 22.55 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, мотоцикл, управуван од непознат возач, удрил во пешакот Л.С.(83) од Скопје, по што го напуштил местото.

Од ударот Л.С. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.