Македонија
26. December 2017 - 10:45

Прегазен пешак во Велес, задржан во болнциа

Вчера попладне околу 17 часот во Велес на улица „Благој Ѓорев“ патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со велешки регистерски таблици управувано од Д.М. (33) од Велес удрило во пешакот Љ. Н. (71) од Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Љ.Н. на кој му била укажана лекарска помош во oпштата болница во Велес, по што бил задржан  на понатамошно лекување.

Увид извршила увидна екипа од ПС „Велес“. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.