Македонија
7. July 2018 - 13:53

Прегазен пешак во Скопје - итно пренесен во Градската болница

Вчера во 15:35 часот во Скопје, на улицата „Јани Лукровски“ се  случила  сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот Б.К. од Скопје удрило во 32-годишниот А.О. од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил А.О. кој со возило бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди по што е задржан за понатамошно лекување.