Македонија
24. January 2019 - 11:56

Прегазен пешак во Скопје - итно пренесен во болница

Во 08.10 часот на паркинг простор на улицата „Козјак“ во Скопје, 28-годишниот Т.Т. од Скопје, управувајќи товарно возило „Фиат Фиорино“ со струмички регистарски ознаки, удрил во пешак.

Се работи за 77-годишниот Д.И. од Скопје. Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, по што бил задржан на лекување.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.