Македонија
22. April 2018 - 12:36

Прегазен пешак кај кичевското село Грашница

Вчера во 15,00 часот на локалниот пат село Грешница - Кичево, Р.Н.(77) од село Грешница, управувајќи патничко моторно возило „Шевролет Спарк“ со охридски регистарски ознаки, удрил во пешакот Г.Ќ.(44) од село Грешница. 

По незгодата пешакот епренесен во Медицински центар Кичево, каде му се констатирани тешки телесни повреди и по укажана лекарска помош е префрлен во Комплексот клиники "Мајка Тереза" во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.