Македонија
26. March 2018 - 11:46

Прегазен маж во Шуто Оризари - итно пренесен во болница

Прегазен маж во населбата Шуто Оризари. Според информациите на полицијата,синоќа  во 22.42 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од  Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Н. (52) од Скопје. Тој бил повреден на ул.„Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари кога во него удрило патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.М. (52) од Скопје. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.