Џет-Сет
7. October 2018 - 13:42

Пред премиерата на 9-та сезона на „Живите мртовци“ почина познатиот актер

Ѕвездата на популарната серија „Walking dead“ Скот Вилсон ја изгуби битката со леукемијата и почина на 76 години. На семејството и неговите блиски пријатели почна да им пристигнува сочуство од сие страни.

Иако прво се расчу дека актерот починал мирно и дома, сознанието дека боледувал од леукемија ја шокираше јавноста.

„Веста за неговата смрт не дотепа. Почина на 76. Мислиме на неговите пријатели и семејството. почивај во мир, Скот, те сакаме“, порачаа преку официјалниот Твитер профил на серијата.