Македонија
30. September 2020 - 11:07

Пратениците попладнево ќе расправаат за потпретседателите на Собранието

Собранието денеска попладне се очекува да ја продолжи седницата на која ќе се расправа за предлог-одлуката за потпретседателите на Парламентот. Предлог-одлуката за петмина потпретседатели ја поднесе претседателот на Собранието Талат Џафери, кој на денешната средба со новинарите кажа дека на координативната средба пратеничките групи се согласиле да продолжи оваа седница. До завршување на расправата, како што појасни Џафери, пратениците може да поднесат амандаман за промена на оваа одлука а тој како предлагач да се изјасни за неа.

Според Деловникот, опозицијата има едно потпретседателско место, две предлага Комисијата за избори, а другите две се на мнозинството.

На седницата закажана за претпладнево се петте одлуки за вонредна состојба на претседателот Стево Пендаровски што во законодавниот дом треба да бидат потврдени со двотретинско мнозинство.

Опозицијата на координацијата не се изјаснила како ќе гласа за овие одлуки, но според Џафери, денеска за нив нема да се гласа. Седницата најверојатно ќе биде прекината по точката за Информацијата за состојбите со лозаропрерабоѕувачкиот сектор во 2020 на ВМРО – ДПМНЕ, за да се овозможи да се одржи јавна расправа.

Џафери најави одржување и средба во рамки на процесот Жан Моне, но ќе се процени дали таа ќе се одржи со физичко присуство или онлајн. На овие средби ќе се продолжи со работа за промена на Деловникот, а ќе се отворат и нови прашања поврзани со верификација на мандатите и конституирање на Парламентот, нешто што беше наметнато во јавноста по последната конститутивна седница