Македонија
24. јуни 2019 - 11:12

Познавања од Интернет експлорер стои во биографијата на Садула Дураки

Министерот за животна средина, Садула Дураки од ДУИ, има познавања од Интернет експлорер и Мајкрософт офис.

Тоа го пишува во неговата неговата куса биографија, доставена до Собранието откако беше предложен од премиерот Зоран Заев да го води новоформираното Министерство за политички систем.

Дураки, кој во јавноста се прослави со една изјава, дека „не се бави со граѓани“, дадена во екот на најголемото загадување, како други способности ги навел: солидни менаџмент особини, работа во група, работа под стрес и комуникативност, пишува СакамДаКажам.