Џет-Сет
15. February 2017 - 12:52

Познатиот српски актер доживеа сообраќајна несреќа - едвај спасил жива глава

Познатиот актер Вук Костиќ доживеа сообраќајна несреќа од која едвај спасил жива глава, со оглед на тоа дека автомобилот е целосно смачкан. 
 
- Тој помина со помали повреди, чудо е навистина, бидејќи од возилото нема ништо, вели извор.
 
Несреќата се случила кога тој се враќал од планина каде отишол да одмори по празничниот период.
 
Со оглед на тоа дека е познат љубител на екстремни спортови, пријателите велат дека сега ќе повлече рачна и ќе внимава повеќе на себе.